Категорија: ВЕСТИ

Куманово и Металург на мегдан, само една екипа ќе остане непоразена после 10. коло.

Време е за дерби натпревар. Денеска во Куманово се сретнуваат двата фаворити за титула и едниствените две екипи со максимален учинок после 9 одиграни кола со 9 победи.

Овие две екипи секогаш приредуваат интересен и динамичен натпревар, со многу убави акции, одбрани и голови, нели сепак ова е врвот на нашата женска ракометна лига.

Ние очекуваме тежок натпревар, ја респектираме екипата на Металург, но исто така свесни сме за нашите квалитети па затоа одиме на победа, секако со помош на нашата публика, која ја очекуваме во голем број.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

ЖРК Куманово добитник на Ноемвриска награда

Денеска , на свечената седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово, на Женскиот ракометен клуб Куманово, му беше доделена Ноемвриската награда во вид на диплома, за одличните резултати во ракометот во изминатите години, а особено за освоениот Трофеј КУП на државата во сезона 2019/20.
Воедно, ЖРК Куманово оваа година одбележува 90 години од основањето и е најстар спортски колектив во државата.

error0

Tweet
20
fb-share-icon20
Споделете

Куманово го совлада Вардар

Во брз и динамичен натпревар во полната салата на СОУ “Перо Наков” нашата екипа издвојуваше важна победа.

Одличната игра на двете екипи и натпревaрувачката атмосфера создадена од домашната и гостинската публика, придонесе неизвесен тек на второто полувреме во кое нашите ракометарки излегоа како победници.
Им честитаме на ракометарките на Вардар за одличната игра, и на нивните фанови за фер и коректната поддршка.

И секако голема благодарност на сите наши фанови за секогаш добрата и безрезервната поддршка која ја даваат на нашиот клуб, заедно можеме повеќе.

 

error0

Tweet
20
fb-share-icon20
Споделете

ЖРК Куманово го дочекува ЖРК Вардар

На 7.11.2019 ЖРК Куманово ќе го угости ЖРК Вардар во обид да остане непоразен на стартот на домашното првенство во рамките од осмото коло од женската Суперлига.

Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток од 20:00 часот.

error0

Tweet
20
fb-share-icon20
Споделете
https://zrkkumanovo.com.mk

ЖРК КУМАНОВО НЕ СОПИРА: ПЕТ СРЕДБИ – ПЕТ ПОБЕДИ

Во петтото коло на македонската женска Суперлига, ЖРК Металург и гостуваше на екипата на ЖРК ЦЕМС. Средбата се одигра во Ѓорче Петров, а заврши со катастрофален пораз на домашниот состав.

Само во почетните минути, кога екипите ги испитуваа силите на противникот, се играше рамноправно, а потоа се се претвори во лесен тренинг за девојките од Автокоманда. Кон средината на првото полувреме веќе имавме предност од 5 гола, 5:1, а на одмор заминавме со позитива од дури 9 гола, 9:18.

Второто полувреме мина според истиот терк. Металург напаѓаше и го полнеше голот на домашниот состав, а разликата полека ја мина границата од десет гола и застана на бројката 19. Во второто полувреме примивме исто колку и во првото – 9, но дадовме гол повеќе – 19.

ЖРК Металург е единствена екипа во најсилната конкуренција без загубен бод, а шансата да ја продолжи победничката серија ќе ја има на 11 октомври, кога во Автокоманда ќе ја пречека екипата на ЖРК Пелистер, во рамките на шестото коло.

https://zrkkumanovo.com.mk

ЖРК ЦЕМС – ЖРК Металург  18:37 (9:18)

ЖРК ЦЕМС: Станчева, Алушовска 1, Костандиновска 3, Пецанова 4, С.Цветковска, Чоловиќ, Сандева, Василева 3, Карчева 2, Мартиновска 4, И.Цветковска 1, Донева, Филиповска, Насковска и Китановска.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 2 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Гугуљанова 4, Кукунешевска 2, Ѓорѓиевска 1, Владева, Гулицоска 2, Тасевска 3, Смајлоска 1, Калајџиевска 6, Граматова 5, Стефановска 1, Гајиќ 8, Брунчевиќ, Гичевска 4 и Паскал.     Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

error0

Tweet
20
fb-share-icon20
Споделете