Категорија: ВЕСТИ

ЖРК Куманово продолжува со првенствени обврски.

20:00

После репрезентативната пауза во која нашата репрезентација играше пријателски турнир во Турција, со селекциите на Турција, Косово и Италија,
5 наши ракометарки добија повик и настапија за нашата репрезентација, Јована Кипријановска, Александра Боризовска, Ангела Јанкуловска, Леонида Гичевска и Бранкица Марковиќ, вооедно нашата репрезентација ја води и тренерот на ЖРК Куманово, Симе Симевски.

Сите ракометарки и тренерот се вратени од репрезентативната пауза и веќе денеска се соочуваат со нови клубски предизвици, од 20:00 часот во салата на СОУ “Перо Наков” во Куманово ги очекува нов првенствен дуел во рамките на 11.коло од Женската супер лига Скопско со тимот на ЖРК Алушовски.
Нашиот тим е фаворит, очекуваме добра игра и многу голови.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Настапи на нашите ракометарки за репрезентација на Македонија во ремито со Италија.

Нашите ракометарки во дресот на Македонската репрезентација.

Нашата сениорска репрезентација предводена од тренерот на ЖРК Куманово, Симе Симевски, игра подготвителен турнир во Турција, Анталија.
На првиот натпревар кое се одига вчера, нашата репрезентација играше со селекцијата на Италија со која ремизираше 29:29.

После првото полувреме наша репрезентација имаше негатива од 3 гола разлика (13:16), но во вториот дел со подобра игра вратиме со ист резултат, со што натпреварот заврши 29:29.

Македонија : Италија 29:29 (13:16)

Во нашата репрезентација шанса добија 5 ракометарки од тимот на ЖРК Куманово:
Јована Кипријановска (2 гола) Леонида Гичевска (2 гола) Ангела Јанкуловска (1 гол) Александра Боризовска и Бранкица Марковиќ.

Ова е прв натпревар на овој турнир, денеска нашата репрезентација ќе одигра два натпревара со двата состава( состав А и состав Б) на Турција.
Прво од 09:30 часот ќе одиграме со Б тимот на Турција, а подоцна од 15 часот и со А тимот.
Последен натпревар ќе се одигра во понеделник од 15:00 часот со селекцијата на Косово.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Со победа се враќаат и пионерките од Скопје.

Во Скопје во салата на ОУ “Kруме Кепески” пред околу 50 гледачи нашите пионерки предводени од Димитар Антевски и Мирољуб Пауновиќ издвојуваа победа против екипата на КЛ7 Лазаров.

КЛ7 Лазаров(пионерки) : ЖРК Куманово(пионерки) 08:21 (03:13)

Стрелци за Куманово:
Матеја Јовановска 7 гола
Димитровска Ана Марија 5 гола
Николовска Ива 4 гола
Милановска Ива 3 гола
Цветковска Теодора 2 гола


Судија А: Maрко Огњановски, Судија Б Дамјан Савиќ и двајцата од Скопје.
Контролор: Русе Наумовски од Скопје



error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Нова победа на нашите кадетки.

Денеска од 18:30 часот во салата на ОУ “Х. Т Карпош, Куманово, нашата кадетска екипа предводена од Антевски Димитар и Мирољуб Пауновиќ во рамките на четвртото коло од кадетската лига (група 2) во Куманово ја пречека екипата на ЖРК Гевгелија.
Пред околу 200 гледачи, ЖРК Куманово славеше над Гевгелија со резултат 32:25.

ЖРК Куманово (кадетки) : ЖРК Гевгелија (кадетки) 32:25 (17:13)

Стрелци за Куманово:
Ива Николовска 9гола, Цветановска Сара 8гола, Димитровска Ана Марија 7гола, Мартина Тоневска 3гола, Ива Димитровска 3гола, Матеја Јовановска 2гола.
Исклучувања: 2 (во 29 и 46минута)
Судија А: Наум Александровски , Судија Б: Aлександар Стојковиќ, Контролор: Aлександар Атанасовски сите од Куманово.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Шампионско издание на Куманово!

Заедничка фотографија на ЖРК Куманово после големата победа на Металург


Долго време Куманово работи на својата цел создавање на шампионски тим, стручниот штаб, вработените не се откажаа никогаш од својата намера, и кога беше тешко не се откажаа кога Куманово се бореше со финансиска криза, сите тешки периоди не ја поколебаа управата напротив ја мотивираа за постигнувањето на целта- Шампионско Куманово.
И конечно Куманово имаа шампионски тим и менталитет.

Денеска во салата на СОУ “Перо Наков” пред полни трибини се одигра дерби дуелот од 11. коло од Првата женската супер лига Скопско.
Куманово го дечека актуелниот шампион од минатата сезона ЖРК Металург и демонстрираше сила, квалитет, знаење и ја декласираше екипата на Металург, уште во првите минути нашиот тим влезе мотивирано и направи голема разлика со што беше јасен победникот и пред почетокот на второто полувреме.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург 38:27 (20:08 полувреме)

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

За Куманово повторно одличен настап на голот имаше Косановиќ, Чокели даде 10гола, Трајковиќ 6гола, Шарановиќ 5гола, Јанкуловска 5гола, Глигоријадис 4гола, Боризовска 3гола, Кипријановска 3гола, Марковиќ и Гичевска по 1гол.

Браво Куманово!

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете