На 7.11.2019 ЖРК Куманово ќе го угости ЖРК Вардар во обид да остане непоразен на стартот на домашното првенство во рамките од осмото коло од женската Суперлига.
Натпреварот ќе се одигра во салата на СОУ Перо Наков со почеток од 20:00 часот.
Во петтото коло на македонската женска Суперлига, ЖРК Металург и гостуваше на екипата на ЖРК ЦЕМС. Средбата се одигра во Ѓорче Петров, а заврши со катастрофален пораз на домашниот состав.
Само во почетните минути, кога екипите ги испитуваа силите на противникот, се играше рамноправно, а потоа се се претвори во лесен тренинг за девојките од Автокоманда. Кон средината на првото полувреме веќе имавме предност од 5 гола, 5:1, а на одмор заминавме со позитива од дури 9 гола, 9:18.
Второто полувреме мина според истиот терк. Металург напаѓаше и го полнеше голот на домашниот состав, а разликата полека ја мина границата од десет гола и застана на бројката 19. Во второто полувреме примивме исто колку и во првото – 9, но дадовме гол повеќе – 19.
ЖРК Металург е единствена екипа во најсилната конкуренција без загубен бод, а шансата да ја продолжи победничката серија ќе ја има на 11 октомври, кога во Автокоманда ќе ја пречека екипата на ЖРК Пелистер, во рамките на шестото коло.