Категорија: Македонско првенство

Куманово на врвот на женскиот ракомет во Македонија!

Почитувани фанови,

Огромна чест и задоволство ни е да ви соопштиме за нашите постигнати резултати во оваа натпреварувачка 2019/20.

Женскиот ракометен клуб Куманово е есенски шампион во:

》Сеинорска лига

》Младинска лига

》Кадетска лига

Браво за: девојките, тренерите, стручниот штаб, раководството, спонзорите, родителите, фановитe.. за сите оние кои се секогаш со нас.

Патот до успехот е долг и напорен, 
трудот кој се вложуваа со години наназад, фокусот, доброто работење, менаџирање со клубот и ракометарките вродуваат со плод.

Голема благодарност до сите кои учествуваат во проектот:
Женски ракометен клуб Куманово. ⚪🔵

Особено голема благодарност до нашата верна публика за поддршката која ни ја даваат.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Младинките со нова голема победа со која се есенски шампиони!

Младинките на Куманово шампионски од коло во коло во младинската женска лига редат само победи и демонстрираат огромен квалитет и моќ!

Денеска, 07.12.2019 од 11:00 часот во Автокоманда, Скопје беше совладана екипата на Металург.

Судии на натпреварот:

Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски и двајцата од Скопје.

Контролор: Маријан Огњановски од Скопје.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово 36:41 (17:20)

Стрелци за Куманово:

  • Мила Трајковиќ 10 гола
  • Јована Кипријановска 8 гола
  • Сара Цветановска 8 гола
  • Ангела Јанкуловска 6 гола
  • Тамара Ивановска 5 гола
  • Наталија Пецанова 4 гола

Исклучувања: 7

Браво девојки!

#ЖенскиРакометенКлубКуманово 🔵⚪

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Шампионски настап на младинките на Куманово!

Вчера во салата на СОУ “Перо Наков” се играше дерби натпреварот од младинската лига.

Александар Бојковски тренерот на младинките на Куманово со ракометарките

Куманово ја пречека екипата на Вардар од Скопје која во тој момент беше прво пласирана на табелата.

ЖРК Куманово – Вардар 41:31 (22:15)

Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип.

Контролор, Златко Локвенец од Скопје.

Дежурен лекар, Драги Караџински од Куманово.

Гледачите во салата на СОУ “Перо Наков” можеа да видат убав и возбудлив натпревар, во кој нашата екипа под водство на Александар Бојковски доминираше и заслужено издвојуваше победа.

Почетокот на првото полувреме беше изеданечно, разликата беше гол или два за Куманово, гостинките од Скопје не дозволуваа поголема негатива, но веќе кон средината на натпреварот нашиот тим почна да се одлепува резултатски со што првото полувреме заврши со големи плус 7 за Куманово.

На почетокот на второто екипата на Вардар намали на 5 разлика но не успееа да го загрози големото водство на нашиот тим, кој како изминуваше натпреварот го зголемуваше своето водство до највисоки плус 10.

Стрелци за Куманово:

  • Мила Трајковиќ 10 гола
  • Ангела Јанкуловска 9 гола
  • Сара Цветановска 8 гола
  • Наталија Пецанова 5 гола
  • Јована Кипријановска 4 гола
  • Тамара Ивановска 3 гола
  • Николинка Радевска 2 гола

Им благодариме на противникот за фер и коректната игра, и на публиката за поддршката која секогаш ни ја даваат.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

ЖРК Куманово продолжува со првенствени обврски.

20:00

После репрезентативната пауза во која нашата репрезентација играше пријателски турнир во Турција, со селекциите на Турција, Косово и Италија,
5 наши ракометарки добија повик и настапија за нашата репрезентација, Јована Кипријановска, Александра Боризовска, Ангела Јанкуловска, Леонида Гичевска и Бранкица Марковиќ, вооедно нашата репрезентација ја води и тренерот на ЖРК Куманово, Симе Симевски.

Сите ракометарки и тренерот се вратени од репрезентативната пауза и веќе денеска се соочуваат со нови клубски предизвици, од 20:00 часот во салата на СОУ “Перо Наков” во Куманово ги очекува нов првенствен дуел во рамките на 11.коло од Женската супер лига Скопско со тимот на ЖРК Алушовски.
Нашиот тим е фаворит, очекуваме добра игра и многу голови.

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Куманово го совлада Вардар

Во брз и динамичен натпревар во полната салата на СОУ “Перо Наков” нашата екипа издвојуваше важна победа.

Одличната игра на двете екипи и натпревaрувачката атмосфера создадена од домашната и гостинската публика, придонесе неизвесен тек на второто полувреме во кое нашите ракометарки излегоа како победници.
Им честитаме на ракометарките на Вардар за одличната игра, и на нивните фанови за фер и коректната поддршка.

И секако голема благодарност на сите наши фанови за секогаш добрата и безрезервната поддршка која ја даваат на нашиот клуб, заедно можеме повеќе.

 

error0

Tweet
20
fb-share-icon20
Споделете