Шампионско издание на Куманово!

Заедничка фотографија на ЖРК Куманово после големата победа на Металург


Долго време Куманово работи на својата цел создавање на шампионски тим, стручниот штаб, вработените не се откажаа никогаш од својата намера, и кога беше тешко не се откажаа кога Куманово се бореше со финансиска криза, сите тешки периоди не ја поколебаа управата напротив ја мотивираа за постигнувањето на целта- Шампионско Куманово.
И конечно Куманово имаа шампионски тим и менталитет.

Денеска во салата на СОУ “Перо Наков” пред полни трибини се одигра дерби дуелот од 11. коло од Првата женската супер лига Скопско.
Куманово го дечека актуелниот шампион од минатата сезона ЖРК Металург и демонстрираше сила, квалитет, знаење и ја декласираше екипата на Металург, уште во првите минути нашиот тим влезе мотивирано и направи голема разлика со што беше јасен победникот и пред почетокот на второто полувреме.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург 38:27 (20:08 полувреме)

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

За Куманово повторно одличен настап на голот имаше Косановиќ, Чокели даде 10гола, Трајковиќ 6гола, Шарановиќ 5гола, Јанкуловска 5гола, Глигоријадис 4гола, Боризовска 3гола, Кипријановска 3гола, Марковиќ и Гичевска по 1гол.

Браво Куманово!

error0
Tweet 20
fb-share-icon20
Споделете

Start a Conversation

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *