Вчера во салата на СОУ “Перо Наков” се играше дерби натпреварот од младинската лига.

Куманово ја пречека екипата на Вардар од Скопје која во тој момент беше прво пласирана на табелата.
ЖРК Куманово – Вардар 41:31 (22:15)
Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип.
Контролор, Златко Локвенец од Скопје.
Дежурен лекар, Драги Караџински од Куманово.
Гледачите во салата на СОУ “Перо Наков” можеа да видат убав и возбудлив натпревар, во кој нашата екипа под водство на Александар Бојковски доминираше и заслужено издвојуваше победа.
Почетокот на првото полувреме беше изеданечно, разликата беше гол или два за Куманово, гостинките од Скопје не дозволуваа поголема негатива, но веќе кон средината на натпреварот нашиот тим почна да се одлепува резултатски со што првото полувреме заврши со големи плус 7 за Куманово.
На почетокот на второто екипата на Вардар намали на 5 разлика но не успееа да го загрози големото водство на нашиот тим, кој како изминуваше натпреварот го зголемуваше своето водство до највисоки плус 10.
Стрелци за Куманово:
- Мила Трајковиќ 10 гола
- Ангела Јанкуловска 9 гола
- Сара Цветановска 8 гола
- Наталија Пецанова 5 гола
- Јована Кипријановска 4 гола
- Тамара Ивановска 3 гола
- Николинка Радевска 2 гола
Им благодариме на противникот за фер и коректната игра, и на публиката за поддршката која секогаш ни ја даваат.