
Нашата сениорска репрезентација предводена од тренерот на ЖРК Куманово, Симе Симевски, игра подготвителен турнир во Турција, Анталија.
На првиот натпревар кое се одига вчера, нашата репрезентација играше со селекцијата на Италија со која ремизираше 29:29.
После првото полувреме наша репрезентација имаше негатива од 3 гола разлика (13:16), но во вториот дел со подобра игра вратиме со ист резултат, со што натпреварот заврши 29:29.
Македонија : Италија 29:29 (13:16)
Во нашата репрезентација шанса добија 5 ракометарки од тимот на ЖРК Куманово:
Јована Кипријановска (2 гола) Леонида Гичевска (2 гола) Ангела Јанкуловска (1 гол) Александра Боризовска и Бранкица Марковиќ.
Ова е прв натпревар на овој турнир, денеска нашата репрезентација ќе одигра два натпревара со двата состава( состав А и состав Б) на Турција.
Прво од 09:30 часот ќе одиграме со Б тимот на Турција, а подоцна од 15 часот и со А тимот.
Последен натпревар ќе се одигра во понеделник од 15:00 часот со селекцијата на Косово.