Вчера во спортската сала на СОУ “Перо Наков” во Куманово се одигра 11.коло од Женската супер лига Скопско.
ЖРК Куманово – ЖРК Алушовски 52:21 (28:09)
Судија А: Марија Илиева
Судија Б: Силвана Карбеска
Контролор: Митко Ѓорѓиевски
Дежурен лекар: Дејан Димковски.
Пред 350 гледачи ЖРК Куманово забележа нова убедлива победа со што останува на врвот на табелата со максимален учинок.
Симе Симевски го започна натпреварот со неколку измени во првиот тим, а шанса добија скоро сите ракометарки, резултатот на полувреме гласеше 28:09 за ЖРК Куманово, до крајот разликата се зголеми уште малку, за конечен резултат од 52:21.
Стрелци за ЖРК Куманово:
- Васка Глигоријадис 11 гола.
- Мила Трајковиќ 9 гола.
- Бранкица Марковиќ 6 гола.
- Леонида Гичевска 6 гола.
- Сара Цветановска 5 гола.
- Јована Кипријановска 3 гола.
- Ангела Јанкуловска 3 гола
- Николинка Радевска 3 гола
- Наталија Пецанова 2 гола
- Ана Шарановиќ 2 гола
- Бпризовска Александра 2 гола

Им благодариме на нашта публика за поддршката и на противничката екипа за фер и коректна игра.