ЖРК Куманово
20:00
ЖРК Алушoвски


После репрезентативната пауза во која нашата репрезентација играше пријателски турнир во Турција, со селекциите на Турција, Косово и Италија,
5 наши ракометарки добија повик и настапија за нашата репрезентација, Јована Кипријановска, Александра Боризовска, Ангела Јанкуловска, Леонида Гичевска и Бранкица Марковиќ, вооедно нашата репрезентација ја води и тренерот на ЖРК Куманово, Симе Симевски.
Сите ракометарки и тренерот се вратени од репрезентативната пауза и веќе денеска се соочуваат со нови клубски предизвици, од 20:00 часот во салата на СОУ “Перо Наков” во Куманово ги очекува нов првенствен дуел во рамките на 11.коло од Женската супер лига Скопско со тимот на ЖРК Алушовски.
Нашиот тим е фаворит, очекуваме добра игра и многу голови.