Во петтото коло на македонската женска Суперлига, ЖРК Металург и гостуваше на екипата на ЖРК ЦЕМС. Средбата се одигра во Ѓорче Петров, а заврши со катастрофален пораз на домашниот состав.
Само во почетните минути, кога екипите ги испитуваа силите на противникот, се играше рамноправно, а потоа се се претвори во лесен тренинг за девојките од Автокоманда. Кон средината на првото полувреме веќе имавме предност од 5 гола, 5:1, а на одмор заминавме со позитива од дури 9 гола, 9:18.
Второто полувреме мина според истиот терк. Металург напаѓаше и го полнеше голот на домашниот состав, а разликата полека ја мина границата од десет гола и застана на бројката 19. Во второто полувреме примивме исто колку и во првото – 9, но дадовме гол повеќе – 19.
ЖРК Металург е единствена екипа во најсилната конкуренција без загубен бод, а шансата да ја продолжи победничката серија ќе ја има на 11 октомври, кога во Автокоманда ќе ја пречека екипата на ЖРК Пелистер, во рамките на шестото коло.
ЖРК ЦЕМС – ЖРК Металург 18:37 (9:18)
ЖРК ЦЕМС: Станчева, Алушовска 1, Костандиновска 3, Пецанова 4, С.Цветковска, Чоловиќ, Сандева, Василева 3, Карчева 2, Мартиновска 4, И.Цветковска 1, Донева, Филиповска, Насковска и Китановска. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 2 минути.
ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска, Гугуљанова 4, Кукунешевска 2, Ѓорѓиевска 1, Владева, Гулицоска 2, Тасевска 3, Смајлоска 1, Калајџиевска 6, Граматова 5, Стефановска 1, Гајиќ 8, Брунчевиќ, Гичевска 4 и Паскал. Седмерци: 2/4. Исклучувања: 4 минути.
Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.
Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.