Денеска , на свечената седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово, на Женскиот ракометен клуб Куманово, му беше доделена Ноемвриската награда во вид на диплома, за одличните резултати во ракометот во изминатите години, а особено за освоениот Трофеј КУП на државата во сезона 2019/20.
Воедно, ЖРК Куманово оваа година одбележува 90 години од основањето и е најстар спортски колектив во државата.